
Марк Маркес излета, прва пол-позиција за Бецеки по пауза од две години (ВИДЕО)
Шпанецот излета од патеката на три минути пред крајот на вториот дел од квалификациите и заврши во песокот. Подоцна успеа да се врати и да извози до крајот, но со својот видно оштетен Дукати не оствари време, доволно за пол-позиција.
При таков развој на настаните, профитираше италијанскиот возач на Априлија, Марко Бецеки кој ја оствари својата прва пол-позиција по пауза од две години. Зад него заврши Алекс Маркес, а третото место го освои Франческо Бањаја.