Официјално: ПСЖ си купи ново засилување за 63 милиони евра!

Европскиот и француски шампион ПСЖ промовира уште едно засилување за новата сезона, а тоа е Илија Забарњи кој доаѓа од премиерлигашот Борнмут за 63 милиони евра.

Младиот и талентиран централен дефанзивец ќе го носи дресот со број 6 во гигантот од Париз, откако потпиша договор на пет години.

„Воодушевен сум што продолжуваме со засилувања на нашиот тим. Илија е талентиран фудбалер и ќе даде голем допринос во екипата“, кажа претседателот на парижаните, Насер Ал-Келаифи.

Украинецот претходно играше за Динамо Киев од 2019 до 2023 година, додека дресот на Борнмут го носеше од 2023 до 2025 година.

Фото: AFC Bournemouth /X