Драмата продолжува: Нема пари кои ќе го задржат Исак во Њукасл

Шведскиот напаѓач Александар Исак не сака да остане во Њукасл, иако во изминатите денови се појавија шпекулации дека премиерлигашот ќе му понуди повисока плата и откупна клаузула во новиот договор.

Исак јасно кажа дека сака да го облече дресот на Ливерпул, односно не планира повеќе да заигра за Њукасл во кариерата, дури и тоа ако значи да седи на клупата за резерви цела следна сезона.

Ливерпул претходно понуди 127 милиони евра за Швеѓанецот, меѓутоа Њукасл не сакаше да го продаде Исак и побара 150 милиони евра.

Во следните денови се очекува да биде решена иднината на Исак, односно ќе биде познато дали ќе замине или ќе остане во тимот од „Сент Џејмс Парк“.

Фото: Facebook/Newcastle