Сабаленка одигра меч за историја во Синсинати и постави два рекорди

Првата тенисерка на ВТА-листата, Арина Сабаленка обезбеди спектакуларна победа со 2-1 во сетови, односно 7-6, 4-6 и 7-6 против Ема Радукану во третото коло на мастерсот во Синсинати, а притоа урна и два рекорди.

Сабаленка испиша историја, откако ги освои своите 17. и 18. тај-брејкови оваа сезона, со што го урна рекордот во Опен ерата за најголем број добиени тај-брејкови во една сезона во конкуренција на жени.

Вториот рекорд е уште поимпресивен, односно Сабаленка во серија успеа да добие 16 тај-брејкови, со што го урна претходниот рекорд на Слоана Стивенс.

Белорусинката во следниот меч во Синсинати ќе игра против Џесика Боузас Манеиро.