
Македонија ЃП гостува кај Струга, Башкими го пречекува Арсими
Македонија ЃП, по една сезона помината во Втората лига, се врати во македонската елита и сака да оствари добар резултат на стартот против шампионот од сезоната 2023/24.
Двете екипи направија одредени промени во летниот преоден рок, при што Македонија ЃП се засили со Клинтон Осеи, Мирсад Рамиќ, Мартин Талаков и други фудбалери, додека Струга ТЛ потпиша со Гледи Мици, Мазолуксис, Ласана Диако и уште неколку играчи, па ова ќе биде одличен тест на силите меѓу двата поранешни шампиони.
Арсими и Башкими минатата сезона изборија промоција во најсилниот ранг во Македонија, па уште на стартот оваа година ќе се судрат. Овие тимови, исто така, доживеаа промени во преодниот рок, а останува да видиме кој ќе се радува по оваа средба.
Вчера беа одиграни два натпревари, при што Шкендија славеше против Шкупи со 5-1, додека Вардар го совлада Пелистер со 4-1.