Шкендија ја загуби првата битка со Карабах - мисијата станa уште потешка! (ВИДЕО)

Шкендија загуби со 1-0 од Карабах на Националната арена „Тодор Проески“ во првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, македонскиот шампион ќе има тешка мисија во Азербејџан да ја надополни негативата.

Натпреварот почна мирно, без посериозни возбудувања и на двете страни. Првото се случи во шесанесетникот на Шкендија и беше кобно за македонскиот тим. Во 16. минута Роналдо Вебстер во обид да расчисти го удри Леандро Андраде. Судијата покажа фаул надвор од шесанесетникот, но ВАР по прегледувањето на снимката процени дека прекршокот е направен внатре па Карабах доби пенал. Торал Бајрамов беше прецизен од белата точка за водство на гостите од Азербејџан од 1-0.

 

Шкендија првпат се обиде во 21. минута, Бесарт Ибраими го тестираше шутот од огромна далечина, но голманот на Карабах без големи проблеми го одбрани неговиот удар. Брзо потоа се обиде и Красниќи, но и тој не успеа.

Карабах делуваше подобро и посигурно и продолжи да напаѓа за да ја зголеми предноста, но не успеа да даде уште еден погодок во првиот дел. Шкендија во финишот од првото полувреме имаше свои моменти, но не ги искористи. Со предност од еден гол за гостите се замина на одморот.

Првите минути од вториот дел почнаа со офанзива на Карабах, Шкендија се обидуваше од контри. Натпреварот се отвори и двете екипи се обидуваа да постигнат гол.

Бесар Ибраими беше најактивен, капитенот на Шкендија се обидуваше со удари од далечина да му донесе израмнување на својот тим, се обиде 6-7 пати, но не одеше голманот на гостите беше поуспешен. 

Но и голманот на Шкендија, Гаје имаше неколку одлични интервенции без кои Карабах можеше да си замине и со поголема победа од Скопје.

На натпреварот не изостанаа ниту стандардните националистички испади на навивачите на Шкендија и покрај апелите на МВР дека ќе почне да ги санкционира.

Шкендија ќе треба да направи добра анализа и да се обиде во Азербејџан да ја анулира негативата од Скопје, што би било големо изненадување.