
Мекиќ: Покажавме карактер и борба, но неискуството пресуди!
Момците на Илиевски се бореа, но паднаа во последните десет минути. Мекиќ смета дека проблемот бил во неискуството.
„Тежок натпревар за нас, многу физички напорен, мислам дека Романците имаа предност во тој сегмент. Тоа се почувствува во нападите од втора шанса и офанзивниот скок“, рече Адем Мекиќ по мечот.
„Сепак, мислам дека покажавме карактер, борба и енергија, но неиксуството дојде до израз, загубивме некои наши топки и дојде поразот. Сметам дека сите кошаркари дадоа 100%, навивачите и селекторот го препознаа тоа и се надевам дека енергијата ќе ние се врати“.