Невеш направи нова тетоважа која е посветена на загинатиот Жота (ФОТО)

Рубен Невеш беше голем пријател со Диого Жота, кој неодамна го загуби животот со сообраќајна незгода заедно со неговиот брат, а сега фудбалерот на Ал-Хилал реши да му посвети тетоважа.

Поминаа два месеци од смртта на поранешната ѕвезда на Ливерпул, а Невеш реши да му оддаде почит.

На тетоважата се наоѓаат двајцата во пријателска прегратка, а истата е направена на листот на левата нога.