
Вардар и Пелистер под рефлектори ќе ја отворат новата сезона!
Прв меч кој ќе се одигра во новата сезона ќе биде дуелот во Тетово меѓу Шкендија и Шкупи, тој дуел е закажан за во петок од 17 часот.
Три часа подоцна ќе почне дербито на Градски меѓу Вардар и Пелистер.
Колото продолжува во сабота од 17:30 часот има два натпревари, Башкими - Аресими и Струга ТЛ - Македонија ЃП.
Во недела Работнички му гостува на Тиквеш, а во понеделник колото ќе го затворат Силекс и Брера.
Распоред за 1. коло во ПМФЛ:
петок, 8. август
Шкендија – Шкупи | 17:00 | градски стадион, Тетово
Вардар – Пелистер | 20:00 | Национална арена „Тодор Проески“, Скопје
сабота, 9. август
Башкими – Аресими | 17:30 | стадион Башкими, Куманово
Струга – Македонија ЃП 1932 | 17:30 | Стадион Караорман, Струга
недела, 10. август
Тиквеш – Работнички | 17:30 | градски стадион, Кавадарци
понеделник, 11. август
Силекс – АП Брера |17:30 | стадион Силекс, Кратово