На ден пред натпреварот со Вардар, Лозана има продадено само половина од билетите

Швајцарскиот прволигаш Лозана утре против Вардар го игра првиот натпревар на домашен терен во европските купови по пауза од 15 години, но судејќи според темпото на продавање на билетите, кај навивачите не постои преголем интерес да го проследат во живо овој меч.

Досега се продадени нешто над 6.000 влезници што е половина од вкупниот капацитет на стадионот „Де ла Тулие“ кој собира 12.544 гледачи. За да ги стимулира навивачите да дојдат и да го бодрат тимот, Лозана објави специјален повик на својата интернет страница, а и направи акција за продажба на четири билети по цена од три.

„Многумина од вас веќе одлучија вечерта во четврток да ја поминат со Лозана. За оние кои се уште се двоумат, упатуваме порака од срце: Потребни сте ѝ на Лозана. За да ја надминеме негативата од еден од еден гол против Вардар, ни треба екстра сила, ни треба нашиот 12. играч“, објави Лозана.

Швајцарскиот тим во неделата го одигра првиот натпревар од домашното првенство за оваа сезона и на својот стадион го пречека Винтертур. Очигледно и тогаш имал проблеми да ги анимира публиката и навивачите бидејќи на „Де ла Тулие“, според официјалните извештаи имало само 5.137 гледачи.