Замина Антиќ, ја снема Северна: Кошаркарите ќе играат само со МКД на дресовите (ФОТО)

По шест години, на предната страна на дресовите на македонската кошаркарска репрезентација нема да пишува Северна Македонија како што од 2019 е официјалното име на нашата држава.

Место тоа, во иднина ќе ја има кратенката МКД, почнувајќи од саботниот дуел против Романија во Куманово. Името на Федерацијата ја содржеше придавката „Северна“ од доаѓањето на Перо Антиќ на претседателската функција, а веднаш потоа и на дресовите на сите кошаркарски селекции осамна целото име на државата што не беше пример со другите репрезентации. Тоа создаваше револт кај навивачите од кои голем дел буквално се откажаа од националниот кошаркарски тим и одбиваа да ги следат натпреварите на репрезентацијата, па може да се очекува сега да се вратат на трибините. 

Ова е најдобра варијанта со која настапила најдобрата селекција во последните две децении, со оглед што претходно, пред непотребното (пре)именување од страна на раководството на Антиќ игравме само со знамето на предната сстрана од дресовите.

Ова е прв чекор кон остварување на најавата на новото раководство за промена на името на Федерацијата од Кошаркарска федерација на Северна Македонија во Македонска или Национална кошаркарска федерација.