Астана беше можниот противник на Вардар во третото коло

Во моментите додека ја водат битката во Лозана фудбалерите на Вардар го дознаа можниот противник за третото коло во квалификациите од Конференциската лига и тоа ќе биде Астана од Казахстан.

По ремито на домашен терен против Зимбру 1-1, денеска на гостински терен Астана каде што настапува нашиот поранешент младински репрезентативец, Алекса Амановиќ славеше победа од 0-2.

Победата Астана ја обезбеди уште во првото полувреме со головите на Жефри и Камара во 18. и 21. минута.

Но, во Вардар прво мораат да ја завршат работата во Швајцарија, каде што Лозана во овие моменти има предност од 2-0.

Фото: Аstana FC