Македонскиот судија кој беше нападнат во Србија: Ако јас возвратив – ќе бев суспендиран!

Maкедонскиот бокс судија, Стефан Цубалевски во Србија беше нападнат од тренерот на Азербејџан во финалниот меч во категоријата до 75 килограми помеѓу Јусуф Аганкишјев и Виктор Мајсторвиќ, а за целиот инцидент се огласи и Цубалевски на социјалните мрежи.

Тренерот од Азербејџан прво вербално го нападна Цубалевски, а потоа влезе во рингот и почна да го дави.

Поради нападот, Виктор Мајсторвиќ го доби златниот медал, а боксерот од Азербејџан заработи дисквалификуван. Во објавата Цубалевски истакнува дека цврсто стои зад својата одлука, како и дека повторно би ја донел истата. Тој објави и виддео како доказ дека не погрешил со одлуката.

„Eдно мое кратко излагање околу вчерашниот немил настан.

„Во периодот од 23.07 до 27.07. 2025 г. во Златибор – Р. Србија се оддржа Европско првенство за кадети – празник за спортот. Европско првенство кое беше организирано на високо ниво од страна на домаќинот, беше перфектно се до оној момент, последната борба на ова првенство меѓу репрезентативците на Србија и Азербејџан, кое требаше да биде шлаг на врвот. Гледам различни мислења по сите порталите. Па, да појаснам, за оние кои не се упатени толку во овој спорт, јас сум судија од највисок ранг, ИБА судија 3 ѕвезда. Боксерот на Азербејџан од моја страна беше предупреден со интерни опомени 4 пати, каде што морав да реагирам со јавна опомена, по која му беше одземен бод поради неправилни и широки удари со отворениот дел на ракавицата (фрљотки). Веднаш по ова неговиот тренер влезе во рингот да се пресмета физички и ме фати за кошулата, фала ви на сите пријатели што се јавивте, немам никаква повреда, ни видлива ни потешка. За оние кои ми го поставивте прашањето зашто не му врати, според правилата на ИБА (Меѓународната бокс асоцијација) доколку вратам и јас ќе бев суспендиран. Вака, тренерот го извлече подолгиот крај и истиот е суспендиран, а на неговиот боксер кој требаше да земе сребрен медал, му е одземен медалот од страна на ЕУБЦ (Европската бокс конфедерација). Ваквите несовесни луѓе треба да се искоренат од спортот, местото на нив не им е во спорот, посебно во најинтелектуалната боречка вештина која треба на неговите ученици да ги учи да не шират насилство, а не спротивното“, вели Цубалевски и додава:

„И ако ме прашате дали би ја донел истата одлука и во иднина, да би ја донел затоа што мојот одземен бод е со право одземен, затоа погледнете ја снимката подолу, зошто му е дадена јавна опомена на азербејџанскиот боксер, односно одземен бод. Ова е олимписки спорт кој има правила, а не кафанска тепачка“!

Фото: Stefan Cuba Cubalevski/FB