Синер избркал еден од тренерите зашто на новинарите им открил - болна тајна!?

Италијанскиот тенисер Јаник Синер на само три дена пред стартот на Вимблдон реши да го отпушти тренерот Марко Паники и со тоа ги изненади сите во светот на тенисот.

„Кориере дела Сера“ пишува дека Паники во разговор со дел од новинарите открил дека Синер плачел 15 минути по поразот во финалето на Ролан Гарос.

Синер загуби во финалето од Карлос Алкараз, иако имаше предност од 2-0 во сетови, а тоа тешко му паднало на Италијанецот кој решил да ја прекине соработката со тренерот.