
Крај на сагата: Ферстапен останува во Ред Бул!
Се спомнуваа Ферари и Мерцедес, но фановите на холандскиот возач и на Ред Бул можат да здивнат. Советникот во Ред Бул, Хелмут Марко објави дека Ферстапен ќе остане во тимот и идната сезона.
„Можам да потврдам дека Макс Ферстапен ќе вози за Ред Бул и во 2026 година“, изјави Марко за германските медиуми.
Ферстапен има уште една клаузула за предвремен раскин на договорот со Ред Бул кој истекува во 2028 година. Според неа, може да си замине во 2027 година, ако идната сезона не заврши на првото или второто место во генералниот пласман.