Еден од најдобрите светски тенисери добил „корпа“: Дечко, мажена сум – и престара за тебе!

Данецот Холгер Руне кој во овој момент е деветти тенисер во светот се најде во центарот на вниманието, но не поради случувања на теренот.

Имено, руската тенисер, Вероника Кудерметова која има 28 години откри дека нејзиниот шест години помлад колега ѝ испратил порака сакајќи да се запознаат.

Сепак, Руне случајно или намерно го испуштил податокот дека Кудерметова има сопруг, па добил одговор кој не го израдувал.

„Холгер Руне ми испрати порака, но бев директна и веднаш му кажав: „Дечко, јас сум веројатно престара за тебе. Ако барем малку си го погледнал мојот Инстаграм профил, ќе можеше да видиш дека сум во брак. Потоа, веќе не ми напиша ништо“, откри Русинката при гостување на ТВ емисија.

Пред две години Руне како 20-годишник успеа да дојде до четвртото место на АТП листата, но потоа неговата кариера тргна во надолна линија.

PHOTO: EPA