
Нејмар пред враќање во Европа, може да направи трансфер кој ќе предизвика бурни реакции!
Имаше Нејмар и расправија со навивач на Сантос во еден од натпреварите, а сега навивачката група на бразилскиот клуб му испрати порака.
„Се обраќаме на тебе, нашиот идол, Нејмар. Да, идол, затоа те молиме и така да се однесуваш. Зборуваш дека те навредило тоа што навивачите тебе и твоето семејство те нарекуваат платеници и дека повеќе би заработил некаде на друго место, ние го знаеме тоа. Но, стави се на место на еден изморен навивач кој со години го гледа својот тим како се мачи и повторно губи дома во зоната на испаѓање и има прилика да те погледне во очи и да те замоли да бидеш лидер на оваа нестабилна екипа. Зарем и ти не би реагирал така“, стои во писмото до Нејмар.
Медиумите пренесуваат и дека Нејмар поради ваквата ситуација размислува за заминување, а неговиот следен клуб би можел да бидде изненадуваање. Наводно, Марсеј, големиот ривал на ПСЖ каде што помина шест години е заинересиран да го доведе
Во минатата сезона, Марсеј заврши на второто место и ќе игра во Лигата на шампионите, па тоа може да биде дополнителен мотив за Нејмар.
Треба да е потсети и дека наредата година следи Светското првенство, па Нејмар со играње во Европа можеби би можел да дојде до место во бразилската репрезентација.
Фото: Santos FC/X