
Чудо во Сингапур: 12-годишна пливачка го освои четвртото место на СП
Девојчето од Кина воодушеви од самиот почеток, откако најпрво избори полуфинале, а потоа и финале каде за малку остана без медал на трката на 200 метри мешано.
Смаер Мекинтош го освои златниот медал, среброто ѝ припадна на Алекс Волш, а бронзениот медал го доби Мери-Софи Харви.
Границата за учество на сениорско СП во пливање е 14 години, меѓутоа ако имате исполнето норма, тогаш може да се натпреваруваат и помлади од таа возраст и токму тоа го искористи Ју.