
Бекали го одржа ветувањето – го продаде Стефанеску пред реваншот со Шкендија
Двајцата влегоа како замени на Градски, но не ги оправдаа очекувањата и Бекали вети дека ќе ги отстрани.
„Периану и Стефанеску немаат место во овој тим. Тие ќе бидат избришани од списокот за европски натпревари“, рече тогаш Бекали.
Ветувањето е остварено откако Мариуш Стефанеску вчера официјално е продаден на турскиот прволигаш Коњаспор за 300 илјади евра. Клубот чиј член од неодамна е македонскиот репрезентативец Енис Барди, во моментов е на подготовки во Австрија, а Стефанеску денеска треба да ги помине лекарските прегледи и да се приклучи на тренинзите на тимот, потпишувајќи тригодишен договор.
Романскиот фудбалер со тоа првпат во кариерата ќе игра во странство, а за него беа заинтересирани уште Аланија, Динамо Букурешт, Клуж и Универзитатеа Клуж.