Македонија ЃП се засили со дефанзивец од Колумбија!

Македонија Ѓорче Петров продолжува да го креира тимот за следната сезона, денеска промовираше ново име во дефанзивата, потпиша со стоперот Хозе Кабаркас.

Станува збор за 25-годишен играч од Колумпија кој последно настапуваше за Депортиво Кали.

За Кабаркас ова ќе биде прв излет надвор од неговата татковина.

По враќањето во Првата лига, Македонија Ѓорче Петров покрај Кабаркас претходно ги ангажираше и Јовановиќ, Рамиќ, Јанков, Глишиќ, Талаков и Елмас, а му даде шанса и на тиктокерот Луј Микел Сила кој кампуваше пред стадионот.