
Општа тепачка во Нови Пазар – хаос меѓу полските хулигани и полицијата (ВИДЕО)
Инцидентот се случи по водечкиот гол на Јагјелонија, кога еден од поддржувачите на Нови Пазар ја проби заштитната ограда и се упати кон делот каде што беа сместени полските хулигани. Ситуацијата брзо ескалираше, а се и гледа вмешаноста на полицијата која интервенираше за да го смири конфликтот.
И покрај тоа што гостинските навивачи успеаја да ја срушат оградата, поголем инцидент беше спречен благодарение на брзата реакција на безбедносните служби. Натпреварот продолжи, но под зголемено обезбедување и тензична атмосфера.