
Детали за смртта на бестрашниот Феликс - загина како што и живееше (ВИДЕО)
На светски познатиот авантурист, според првичните информации, му се слошило во воздух, по што загубил контрола и паднал на земја, недалеку од хотелскиот базен. Инцидентот го потврди градоначалникот на Порто Сант’Елпидио, Масимилијано Ќарпела, кој го опиша 56-годишниот спортист како „симбол на храброст и страст за екстремни летови“. Истрагата за причините за падот е во тек, но локалните медиуми пренесуваат дека медицинските екипи пристигнале веднаш и констатирале смрт на лице место.
Баумгартнер важеше за една од најголемите фигури во светот на екстремниот спорт. Светската јавност го запамети по историскиот скок од стратосферата во 2012 година, кога се скокна од висина од 39 километри, облекувајќи специјално одело и поставувајќи неколку светски рекорди. Во текот на својата кариера скокаше од облакодери, карпи, хеликоптери и дури го прелета Ламанш со одело со крила.
Неколку дена пред трагедијата, Баумгартнер на социјалните мрежи објави видео од подготовките со моторот на параглајдерот и фотографија на која напиша „премногу ветер“, што можеби навестуваше на лоши временски услови. На неговата десна подлактица имаше истетовирана пораката: „Роден сум да летам“ — реченица која го следеше целиот негов живот, исполнет со ризик, адреналин и љубов кон небото.
ФОТО: EPA PHOTO