Тен Хаг го смета Антони како син, но нема да го донесе во Леверкузен

Тренерот на Баер Леверкузен, Ерик Тен Хаг кажа дека го смета бразилскиот фудбалер Антони како син, но засега не планира да го ангажира во Германија.

Антони е фудбалер на Манчестер јунајтед, а втората половина од сезоната ја помина на позајмица во Бетис и имаше добри настапи.

„Тој е одличен фудбалер, двапати го ангажирав. Антони ми е како син, но не ми е потребен во Леверкузен“, кажа Тен Хаг.

Антони одигра 166 натпревари покрај Тен Хаг во Манчестер јунајтед и Ајакс.

Фото: EPA PHOTO