
Галатасарај гради страшен тим - доаѓаат и двајца првотимци на Манчестер сити!?
Една од желбите на Галатасарај е голманот Едерсон, кој бара плата од 10 милиони евра годишно, додека трансферот би изнесувал 20 милиони евра.
Галатасарај се распрашува и за условите за Мануел Аканџи, а доколку дефанзивецот прифати пониска плата, тогаш турскиот тим ќе испрати официјална понуда.
Фото: EPA PHOTO