
Шпанија и Аргентина ќе играат „Финалисима“, останува уште да се утврди терминот
Овој меч првпат влече корени од 1985 година, се играше и во 1993, а потоа беше возобновен во 2022 година кога на Вембли се сретнаа Аргентина како јужноамерикански и Италија како европски шампион. Триумфираа „гаучосите“ со 3-0.
Поради згуснатиот распоред на клупско и репрезентативно ниво последната година, тешко беше да се најде термин кој им одговара и на Шпанците и на Аргентинците, но претседателите на фудбалските федерации на двете земји, Рафаел Лоузан и Клаудио Тапија денеска се договорија тоа да биде во март 2026 година. Точниот термин уште не е утврден, но ќе биде меѓу 17 и 25 март, а теренот ќе го одреди ФИФА.
Единствената можност овој дуел да биде откажан е ако Шпанија не успее да обезбеди директен пласман на претстојното Светско првенство бидејќи во таков случај ќе игра бараж токму во март 2026.