Манчестер јунајтед се договори со Брентфорд - ќе плати 80 милиони евра за засилување!

Поранешниот англиски шампион Манчестер јунајтед конечно постигна договор со Брентфорд за трансфер на одличниот Брајан Мбуемо и ќе треба да плати 80 милиони евра.

Мбуемо претходно ги договори личните услови, па се чекаше само „зелено светло“ од Брентфорд, кој ја искористи ситуацијата и си ја доби посакуваната сума за 25-годишниот фудбалер.

Репрезентативецот на Камерун минатата сезона постигна дури 20 голови и осум асистенции во Премиер лигата и го привлече вниманието на голем број гиганти, но Јунајтед беше најупорен во преговорите.

Фото: Facebook/Manchester United