Македонија со 180 спортисти ќе го брка првиот медал на младинските Олимписки игри!

Со рекордни 203 претставници, Македонија ќе настапи на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) 2025, кој за првпат се одржува во нашата земја и тоа во периодот од 20 до 26 јули.

На свеченото отворање, македонското знаме ќе го носат кајакарот Кристијан Смилев и одбојкарката Матеа Поповска. Во Скопје ќе се појават делегации од 49 европски држави, како и една под олимписко знаме. Нашата репрезентација ќе биде составена од 181 млад спортист и 22 тренери, подготвени да се натпреваруваат и да го претстават македонскиот спорт во најдобро светло.

Македонија досега Македонија нема освоено медал на ЕМОФ, па надежите се дека настапот на домашен терен ќе донесе историско прво одликување.