Мбапе „под лупа“ на истражители поради скандал со нелегални исплати кон полицајци!?

Француското обвинителство отвори истрага за потенцијално сомнителни исплати кои францускиот голгетер Килијан Мбапе ги имал кон пет полицајци кои биле задолжени за безбедноста на француската репрезентација.

Истрагата почна по дојавата на единицата за борба против перење пари, а тие пријавиле дека постојат необични финансиски трансакции во корист на пет полициски службеници.

„Истрагата е во тек. Дополнително треба да се утврди дали се направени кривични дела“, соопштија од Обвинителството.

Мбапе наводно исплатил повеќе од 180.000 евра на „црно“ за приватни услуги, а наскоро пристигна и соопштение од неговиот тим кој тврди дека сè е направено по закон.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.