Вљубени во Македонците: Данди јунајтед пред потпис со македонски репрезентативец!

Данди јунајтед очигледно има посебни симпатии кон македонските фудбалери, откако во изминатиот период ги имаа Давид Бабунски и Кристијан Трапановски, а сега би можеле да купат и трет Македонец.

Шкотскиот фудбалски клуб е во преговори со македонскиот прволигаш Брера Струмица за потписот на нашиот репрезентативец Мартин Ѓоргиевски, а наскоро се очекува договор меѓуд вете страни.

РГ“ објави дека Ѓоргиевски ќе стане третиот Македонец кој во последните 12 месеци би потпишал договор со шкотскиот тим.

Талентираниот македонски фудбалер ја помина младинската академија на Брера Струмица, а од 2021 година е во првиот тим.

Фото: Facebook/Brera Strumica