Мароканец е ново засилување за Рома, неговата цена е 25 милиони евра!

Рома активно бара нови засилувања за следната сезона, а едно од нив ќе биде Нил Ел Ајнауи од Ланс за 25 милиони евра.

Мароканецот игра на средината на теренот, а Рома ќе плати 23 милиони евра веднаш, како и два милиони во бонуси, додека Ланс ќе добие и процент од продажбата.

До крајот на летниот проден рок се очекуваат уште неколку засилувања за „Волчицата“, а пред сè во нападот.

Фото: Facebook/Atalanta Bergamasca Calcio