Ограбен домот на Платини - му украле пехарите, медалите и други вредни предмети!

Легендарниот Мишел Платини бил ограбен во раните утрински часови во неговиот дом, откако крадци влегле во куќата и успеале да ги одземат пехарите, медалите и други вредни предмети.

Според француските медиуми, грабежот се случил околу 5.30 часот, а Платини се разбудил во момент кога крадците бегале од неговиот дом.

„Речиси 20 признанија, односно трофеи, медали и други вредни предмети исчезнаа од неговиот дом“, се вели во соопштението.

Полицијата во Марсеј почна истрага по грабежот, а повеќе детали за случајот се очекуваат наскоро.