Потврден терминот за натпреварот на Вардар и Лозана во Скопје

Екипата на Вардар вечерва се враќа во Скопје од гостувањето во Сан Марино и од утре треба да ги почне подготовките за следното исскушение во квалификациите за Конференциската лига.

Противник на „црвено-црните“ во второто коло ќе биде швајцарскиот прволигаш Лозана, клуб до 129-годишна традиција и освоени седум титули и девет Купа на својата земја. Вардар ќе биде домаќин на првиот натпревар, а веќе е познат терминот во кој ќе се одигра овој меч.

Швајцарците ќе гостуваат на Градскиот стадион во Скопје в четврток, на 24 јули од 20:30 часот, идентичен термин како и во првото коло против Ла Фиорита. Реваншот во Лозана е на програмата на 31 јули од 20:15 часот.