Де Геа се врати на „Олд Трафорд“, навивачите го пречекаа со овации (ВИДЕО)

Maнчестер јунајтед и Фиоренина ремизираа во пријателскиот натпреар на „Олд Трафорд“ кој заврши  без победник со резултат 1-1.

Овој натпревар беше посебен и поради враќањето на Давид Де Геа на „Олд Трафорд“. Шпанскиот чувар во гигантот од Манчестер остави длабока трага и мина цели 12 години.

Двата голови се постигнаа во првото полувреме откако Симон Сом ја доведе Фиорентина во осмата минута, додека за израмнување сопствената мрежа ја погоди Робин Госенс во 25 минута.

За Манчестер јунајтед ова беше и последен пријателски натпревар пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата која ја стартува со дербито против Арсенал на 17 август.

Фото: ACF Fiorentina