Хаос на московското дерби: Дејан Станковиќ сакаше да се тепа со противнички фудбалер (ВИДЕО)

Московските ривали Локомотив и Спартак одиграа нерешено (1-1) во дербито на четвртото коло од рускиот шампионат, но мечот остана во сенка на она што се случи непосредно по неговото завршување.

Во главна улога беше тренерот на Спартак, Дејан Станковиќ кој бурно реагираше кон домашните фудбалери, очигледно изнервиран од нивното однесува. Тоа ги изнервира останатите играчи на Локомотив, па тие застанаа во одбрана на својот колега и побараа од Станковиќ да се смири.

Српскиот стручњак не само што не се смири, туку тргна да се тепа со еден од нив, но најверојатно му текна дека игра на стадионот на противникот, па се повлече кон соблекувалната.