
На Лапорта одлично му оди: Барселона е блиску да го реши најголемиот проблем
Последен кој замна и петти ова лето е Иниго Мартинез кој продолжува во Саудиска Арабија во тимот на Ал-Наср. Бидејќи клубот и понатаму не може да влезе во правилото 1:1, односно секое заминување да се смета како дел од буџетот, Барселона нема да може неговата плата од 14 милиони евра во целост во целос да ја додаде во „фер-плејот“, но ќе може да смета на 60%, односно околу 8.4 милиони евра.
Пау Виктор им донесе околу три милиони евра, Пабло Торе 3.5, Ансу Фати околу осум милиони, а заштедија и на платата на Ленгле кој се пресели во Атлетико Мадрид.
Помош доби Барселона и Демократска Репбулика Конго, држава со која клубот од „Камп Ноу“ потпиша договор според кој добива десет милиони евра годишно во наредните четири години.
Фото: Barcelona FC/X