
Најдобриот фудбалер во светот размислува за трансфер?!
Шпанецот оваа година не е во конкуренција да ја добие наградата, но тоа не е изненадување бидејќи речиси цела сезона беше надвор од терените поради повреда. Се врати во претпоследното коло од Премиер лигата и беше дел од Светското клупско првенство каде што имаше дозирана минутажа.
Но, исто така заработи и нова повреда која го вклучила алармот во Манчестер, наводно и самиот Родри размислувал за промена.
Шпанскиот фудбалер има уште две години од договорот со „граѓаните“ , се пишуваше дека може да потпише нов, меѓутоа ситуацијата сега се променила.
Кога се можните дестинации во прашање се споменува Реал Мадрид. Родри е роден во шпанскатап рестолнина и Реал со Алонсо има некои други погледи, па иако наскоро полни 30 години веруваат дека може да помогне.
Според информациите на „АС“, прашањето за иднината на Родри е отворено и ќе видиме што ќе се случува во наредниот период.
Фото: EPA