
Кошаркарите ги чека пекол во Солнок - билетите се веќе распродадени (ФОТО)
На неколку часа пред натпреварот, распродаден е целиот капацитет на арената Тисалигети која располага со околу 2.220 места. Со оглед на тоа што не се работи за голема сала, јасно е дека македонските кошаркари ќе се соочат со голем притисок и гласно навивање од трибините.
За унгарската репрезентација ова е прв натпревар на домашен терен во овие претквалификации и прв во Солнок по подолго време, имајќи предвид дека во квалификациите за Европското првенство играше во Сомбатели.