Дебито на Тен Хаг со Баер Л. заврши со катастрофа од младинците на Фламенго!

Германскиот вицешампион Баер во новата сезона ќе влезе со Ерик Тен Хаг на тренерската клупа, но ако денот по утрото се познава, не му се најавува блескава сезона.

„Фармацевтите“ денеска го одиграа првиот подготвителен натпревар во пресрет на новата сезона и тоа во Бразил каде се гости на неколку дена. Противник беше У20 екипата на Фламенго, мечот се одигра во Рио де Жанеиро, а Баер загуби со неверојатни 1-5.

Тен Хаг го почна мечот со измешан состав, дел од главните ѕвезди останаа на клупа и влегоа во игра во 60. минута, но дотогаш младинците на Фламенго веќе водеа со 5-0. Дури во 70. минута Колбрет го постигна почесниот гол за шампионот на Германија од 2024 година.

Со пријателски натпревари, Баер ќе продолжи на 27 јули кога се среќава со Бохум, а потоа ќе ги има завршните подготовки пред стартот на новата сезона.