Кошаркарот кој загина во пожарот во Кочани ќе живее вечно на ѕидот од градската сала (ФОТО)

Трагедијата со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани однесе голем број жртви, меѓу кои беше и кошаркарот на третолигашот Дино Баскет од овој град, Петар Ивановски.

Неговата смрт предизвика голема болка кај сите што го знаеја, но и кај сите спортски вљубеници во државата.

Тој, сепак, ќе продолжи да живее вечно во сеќавањата на своите најблиски, соиграчи и тренери, но и преку феноменалниот мурал кој осамна на еден од ѕидовите на градската сала.