Модриќ поканил фудбалер на Реал Мадрид да потпише за Милан

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ го засили поранешниот италијански шампион Милан, а наскоро би можел да му обезбеди уште едно засилување, и тоа од Реал Мадрид.

Иднината на Фран Гарсија на „Сантијаго Бернабеу“ не е сигурна, па поради тоа Модриќ го поканил да се пресели во Милано.

Милан веќе некое време бара бекови за екипата, односно целта е да купи еден лев и еден десен бек, но да не потроши повеќе од 30 милиони евра.

Фото: Facebook/AC Milan