
Саудијците подготвуваат мега понуда за Винисиус, Реал ќе биде на вистински тест!
Винисиус е еден од играчите за кои се смета дека имаат високо его во тимот, а на Реал Мадрид му се укажува шанса да го продаде и тоа по неверојатна цена.
Саудијците се подготвени да понудат дури 350 милиони евра, тоа би бил апсолутен рекорд во фудбалот.
Винисиус досега велеше дека останува верен на Реал Мадрид и сака да продолжи да игра, но сигурно и понудата за личните услови од Саудиска Арабија ќе биде нешто што ќе го замисли.