Лилард не издржа долго во Милвоки - по две години се врати дома!

Одличниот кошаркар Демијан Лилард не издржа долго во Милвоки бакс и реши да се врати во Портланд, каде што го помина најдобриот период од кариерата.

Лилард потпиша тригодишен договор со Портланд вреден 42 милиони долари, а тоа доаѓа како информација откако пред неколку месеци ја скина Ахиловата тетива.

Дополнителен удар за него беше и тоа што Милвоки сакаше да го избрка, односно не сакаше да го почека да се рехабилитира, меѓутоа во Портланд го пречекаа со раширени раце.

Американецот играше за Портланд од 2012 до 2023 година, по што го облече дресот на Милвоки.