
ТНС израмни „од ништо“, нерешено е на полувреме (ВИДЕО)
По голот на Тамба во 18. минута, Велшаните израмнија 20 минути подоцна и тоа од ситуација која не ветуваше ништо.
Даниел Вилијамс шутираше од голема далечина, но неговиот удар не беше ни силен, ни прецизен. Шутот сепак го блокираше Фетаи, но тој место да расчисти, го послужи Џордан Вилијамс, а овој непречен од никого ја смести топката во мрежата.