Тамба го „отвори“ ТНС, Шкендија води (ВИДЕО)

По точно 108 минути игра (без судиските продолженија), падна првиот гол на двомечот меѓу Шкендија и ТНС.

Пред една недела во Велс беше 0-0, а вечерва Шкендија поведе во 18. минута од реваншот во Скопје.

 

 

Стрелец беше Тамба кој круниса со гол една добра акција на својата екипа, но имаше и голема помош од противничкиот голман Шепард кој несмасно реагираше при центаршут и му ја подари топката на неколку метри од мрежата.