
Митровски и Олимпија завршија со Лигата на шампионите
По првиот меч без кој заврши без победник (1-1), денеска тимот од Љубљана загуби со 0-2 на гостувањето кај казахстанскиот Каират и сезоната ќе ја продолжи во квалификациите за Конференциската лига. Се беше завршено по половина час игра, во петтата минута Жоргињо го доведе домашниот тим во водство, а во 31. минута Мрински го постави конечниот резултат.
Македонскиот репрезентативец Димитар Митревски влезе во игра во 39. минута на местото на Брест, но Олимпија до крајот на мечот не успеа посериозно да го загрози домашниот тим.