
Непроценлива реакција: Детенце го запозна Модриќ и остана без зборови (ВИДЕО)
Во текот на првиот ден од обврските како фудбалер на Милан, Модриќ одвои време и за еден млад фан.
Хрватскиот ветеран е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и поради тоа има бројни фанови и Италија. Еден од нив по име Грегори веројатно воопшто не сонуваше дека може да го запознае својот идол.
Гигантот од Милано заедно со Модриќ на малото детенце му приредија изненадување кое сигурно долго ќе го памети, а нивната средба беше објавена и на официјалните канали на Милан на социјалните мрежи.