
Навивачите дочекаа: Модриќ го облече дресот на Милан (ФОТО)
Модриќ кој во септември ќе наполни 40 години денеска ги помина лекарските прегледи и потпиша договор со италијанскиот гигант.
„Росонерите“ на социјалните мрежи предмалку потврдија дека Модриќ ставил потпис на едногодишен договор со можност истиот да биде продолжен на уште една година.
Во изминатите 13 години Модриќ со Реал Мадрид освои се што може да се освои вклучувајќи и шест трофеи во Лигата на шампионите.
„Десетката“ во Милано ја носи Рафаел Лао, па така тој се одлучи за „14-ката“ која некогаш ја носеше во Тотнем и Динамо, но и еден период во репрезентацијата.
It’s official: Luka Modrić is Rossonero ❤️🖤
— AC Milan (@acmilan) July 14, 2025
#WelcomeModrić pic.twitter.com/ur2atXySas
La Scala del Calcio has a new maestro 🎻 #WelcomeModrić
— AC Milan (@acmilan) July 14, 2025