Бохум раскина со Елези: Се чека да им се придружи на Ристовски и Велкоски!

Maкедонскиот фудбалер, Агон Елези од денеска повеќе не е член на германски Бохум и во наредниот период се очекува да ја комплетира преселбата во Сарајево.

Елези во втората половина од сезоната настапуваше во хрватското првенство во редовите на Горица, која не се одлучи да го откупи неговиот договор и тој се врати во Германија.

Сепак, Бохум сега потврди дека двете страни се договориле за прекин на соработката.

Заминувањето на Елези можеше и да се очекува бидејќи не успеа да се наметне и за првиот тим на Бохум одигра само еден натпревар и тоа во Купот на Германија, доека за тимот до 21 година одигра седум натпревари.

Според последните најави Елези кариерата ќе ја продолжи во Сарајево каде што ќе се придружи на Стефан Ристовски и Крсте Велкоски кој работи како технички директор.