Левандовски одлучил - се сели во МЛС
Најпознатиот светски инсајдер Фабрицио Романо вечерва објави дека следна станица на еден од најдобрите голгетери во историјата на фудбалот ќе биде Чикаго Фајр. Наводно, Левандовски веќе дал согласност, а договорот што ќе го потпише ќе биде на две или три сезони.
Според Романо, Левандовски е веќе на пат кон Чикаго заедно со својот менаџер Пини Захави и можно е веќе викендов да потпише со Фајр.