Репрезентативец на БиХ направи нешто што не е видено во историјата на мундијалите

Селекцијата на Босна и Херцеговина одигра 1-1 со Канада во својот прв натпревар на Светското првенство, а единствениот гол за „змејовите“ го постигна Јово Лукиќ во 21-та минута.

Иако неговиот квалитет често беше доведуван во прашање, тој донесе вреден бод за босанската репрезентација, но исто така направи нешто што никој не го направил од 1966 година. Лукиќ влезе во историјата и стана првиот напаѓач откако почнаа да се водат рекорди (од 1966 година) кој имал девет или повеќе скок-дуели на еден натпревар од Светското првенство и ги доби сите, односно имаше 100% учинок во воздух. Дури и голот го постигна со глава.

Доминација во најсилната можна категорија, без грешка, без загубен дуел. Лукиќ „го затвори небото“ над противничкиот шеснаесетник. За напаѓачот на романската Универзитатеа Клуж, ова беше само четврти настап во дресот на репрезентацијата и го постигна првиот гол.

Репрезентацијата на БиХ е на прагот на голем успех и квалификација во нокаут фазата, а победа над Швајцарија или Катар во последното коло треба да биде доволна за тоа.